Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Од:

Поранешниот американски претседател, републиканецот Доналд Трамп денеска изјави дека започнува платено партнерство со ѕвезда од кантри музиката за да понуди копии од Библијата на продажба, додавајќи дека тоа е неговата „омилена книга“.

„Религијата и христијанството се двете работи што најмногу и недостигаат на оваа земја“, рече Трамп во три минутното видео објавено на неговата социјална мрежа „Truth Social“.

Трамп, кој најверојатно ќе биде републикански кандидат на претстојните претседателски избори во ноември, ги охрабрува своите поддржувачи да ја купат Библијата, по цена од 59,99 долари по примерок.

Тоа го направил за време на Светата седмица пред Велигден според Грегоријанскиот календар.

„Мораме да ја вратиме вербата во Америка“, рече Трамп, алудирајќи на слоганот на неговата кампања „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Групата што продава копии од тоа издание на Библијата на својата веб-страница напиша дека е горда што тоа е „единствената Библија промовирана од Трамп“.

Организацијата, која не е именувана, вели дека приходите од продажбата нема да бидат искористени за финансирање на кампањата на Трамп, но укажува дека имиџот на поранешниот претседател се користи како дел од платено партнерство.

Копии од тоа издание на Библијата се продаваат во соработка со познатиот конзервативен музичар Лиј Гринвуд, чија хит песна „God Bless the USA“ се свири на секој митинг на кампањата на Трамп.

Во 2020 година, верските водачи остро го критикуваа Трамп, кој се сликаше пред оштетена црква со Библија во раката, ден по антирасистичките демонстрации.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата