Трамп вчера не се „симнал“ од Твитер

Од:

Профилот на Твитер на американскиот претседател Доналд Трамп вчера „падна“ од преголема активност, додека комисијата за судска власт на Претставничкиот дом разгледуваше обвиненија за импичмент против него.

До средината на попладнето тој имал објавено повеќе од 100 твитови или ретвитови, информира „Д Вик“ (The Week).

Пред крајот на денот и весникот „Вашингтон пост“ јави дека Трамп напишал повеќе твитови и ретвитови од секој друг ден, откако ја објави својата кандидатура за претседател во 2015 година.

Претходниот рекорд во твитеови на Трамп изнесуваше 105. „Вашингтон пост“ коментира дека Трамп напишал повеќе твитови и ретвтитувал, отколку поранешниот претседател Обама што напишал на профилот @POTUS од мај 2016 до јануари 2017 година.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп