Трамп со соопштение по повод Националниот ден за спомен на жртвите на комунизмот

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска објави соопштение по повод Националниот ден за спомен на жртвите на комунизмот што во САД се одбележува од пред две години.

-Се сеќаваме на повеќе од 100 милиони жртви на комунистичките репресии, денеска кога повторно ја потврдуваме својата силна намера за иднина на мир и прогрес за сите. Иднина заснована на клучните принципи на демокартијата: Слобода, правда и длабоко почитување на вредноста на секој човечки живот, изјави американскиот претседател.

Трамп истакна дека Националниот ден за спомен на жртвите на комунизмот се совпаѓа со 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, што в сабота се одбележува во Германија.

-Одлучноста на многу мажи и жени ги отелотворија зборовите на претседателот Роналд Реган во моментална акција, рушејќи го симболот на тоталитаризмот и испраќајќи порака насекаде дека демократијата и владеењето на правото секогаш ќе царуваат над обесправеноста и тиранијата, се вели во изјавата.

Трамп посочува дека токму со споменот за жртвите на комунизмот низ целиот свет „треба да се стремиме кон постојана одбрана на скапоцените слободи кои поттикнуваат мир и огромен прогрес“.

Одбележување на Национален ден за спомен на жртвите на комунизмот е утврдено од сегашната администрација на 7 ноември 2017 година. Како еден од поводите беше 100-годишнината од болшевичката револуција во Русија, од која неколку години подоцна беше создаден Советскиот Сојуз.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес