Трамп се слушна со Ердоган, смета дека тој може да помогне да запре руско-украинската војна

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека денеска имал „добар и продуктивен“ телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со кого разговарал за глобалните прашања, војната меѓу Русија и Украина и во Газа.

„Само што имав многу добар и продуктивен телефонски разговор со претседателот на Турција, Реџеп Ердоган, на многу теми, вклучително и руско-украинската војна, ситуацијата во Сирија, Газа и многу повеќе. Претседателот ме покани да ја посетам Турција во иднина, а тој ќе дојде и во Вашингтон“, напиша Трамп во објава на неговата социјална мрежа.

Трамп се наврати на својот прв мандат и го истакна неговиот „одличен“ однос со турскиот претседател.

„За време на моите четири години како претседател, мојот однос со претседателот Ердоган беше одличен. Соработувавме блиску за голем број прашања, вклучувајќи го и фактот дека тој помогна веднаш да се врати пасторот Ендрју Бренсон, кој беше затворен, во САД на мое барање“, рече Трамп во својата објава.

Тој додаде дека со нетрпение очекува да работи со турскиот претседател „за да се стави крај на смешната, но смртоносна војна меѓу Русија и Украина – сега“.

Би можело да ве интересира

Трамп го избриша видеото на кое Барак и Мишел Обама беа прикажани како мајмуни

Предраг Петровиќ

Трамп: Иран не сака САД да ги нападне

А1он

Путин изгуби клучен сојузник, Трамп даде понуда што не може да се одбие

А1он

Трамп: Се приближуваме до договор за Русија и Украина

А1он

Внуката на Трамп вели дека нејзиниот чичко можеби има Алцхајмерова болест

Тајни снимки од Белата куќа: Трамп беснееше, викаше и пцуеше: „Ебете се!“