Трамп „растури“ на прелиминарните избори во Мичиген

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи, во согласност со предвидувањата, на републиканските претседателски прелиминарни избори во државата Мичиген, а американскиот претседател Џо Бајден, кој немаше конкуренција од почетокот на прелиминарните избори во САД, победи и на демократските прелиминарни избори во таа држава.

Ривалката на Трамп, Ники Хејли, беше поразена со голема разлика. Тоа беше уште еден дуел меѓу Трамп и Хејли за републиканската номинација за претседателските избори во ноември. Кој сака да стане претседателски кандидат во САД, прво мора да победи на внатрепартиските прелиминарни избори.

Потоа официјално се избираат кандидатите на партиските конвенции во лето. Конвенцијата за номинација на републиканците се одржува во средината на јули. Хејли веќе загуби од Трамп на прелиминарните избори во Ајова, Њу Хемпшир и Јужна Каролина. Педесет и двегодишната жена политички и реторички се смета за нешто поумерена од нејзиниот ривал.

Трамп (77) има силна поддршка во партиската база. Американскиот претседател Џо Бајден очекувано победи на прелиминарните избори на Демократската партија во Мичиген, но протестното гласање на демократите лути на поддршката на Бајден за израелската војна против Хамас во Газа ги надмина очекувањата на организаторите.

Во Мичиген, дом на голема арапско-американска заедница, демократските гласачи беа повикани да ги означат гласачките ливчиња како „неопределени“ во знак на протест против политиката на Бајден за Газа. Откако беа преброени речиси половина од гласовите на демократите, бројот на „неопределени“ гласачки ливчиња беше повеќе од 58.000, според Едисон Рисрч, што далеку ја надминува целта од 10.000 поставена од организаторите.

Нецелосните резултати од гласањето покажаа солидно водство на Бајден и Трамп. Со пребројани речиси половина од гласовите на демократите, Бајден има 80 отсто поддршка, додека „неопределените добија 13 отсто. Со пребројани 58 отсто од гласовите на републиканците, Трамп има 67 отсто поддршка додека Хејли има 27 отсто, според Едисон Рисрч.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он