Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа

Од:

Американски претседател Доналд Трамп изјави дека Палестинците нема да имаат право на враќање во Газа како дел од неговиот план за раселување.

Во интервју за „Фокс њуз“, на прашањето дали Палестинците би имале право да се вратат во своите домови во Газа, Трамп одговори: Не, не би имале право, бидејќи би имале многу подобро место за живеење.

Тој додаде дека планира изградба на трајни живеалишта за раселените, бидејќи „на Газa ќе ѝ бидат потребни години за да стане повторно населива“.

Трамп минатата недела, за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, најави дека САД ќе ја преземат контролата врз Појасот Газа, ќе ги урнат уништените згради и ќе го развијат регионот економски, при што палестинското население ќе биде раселено.

Овие изјави предизвикаа осуда од бројни земји низ светот.

Трамп повтори дека Палестинците можат да се населат во Јордан или Египет, и покрај противењето на тие земји, како и на самите Палестинци.

Во интервјуто, кое во целост ќе биде објавено вечерва, американскиот претседател рече дека САД ќе градат „прекрасни заедници“ за околу два милиони жители на Газа.

– Тие би можеле да имаат пет, шест или две. Но, ние ќе изградиме безбедни заедници, малку подалеку од местото каде што се наоѓаат, каде што е целата таа опасност, додаде Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп лут на Украина: „неблагодарници“

Мамдани до Трамп: Израел врши геноцид, а нашата влада го финансира

А1он

(ВИДЕО) Кристијано Роналдо на вечера со Доналд Трамп

А1он

Трамп ќе им дели по 2.000 долари на Американците

А1он

ВИДЕО: Шефот на фармацевтскиот гигант се онесвести за време на состанокот со Трамп, му помогна д-р Оз

Предраг Петровиќ

Зохран Мамдани: Трамп нема да ме заплаши

А1он