Трамп: Нема да има напредок во мировните преговори додека лично не се сретнам со Путин

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека нема да биде постигнат напредок во мировните преговори за Украина сè додека тој лично не се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ кратко пред слетувањето во Дубаи, третата станица од неговата посета на Блискиот Исток – јавија британските медиуми.

Според изјавата на шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, руската и американската делегација пристигнале во Истанбул, додека украинската делегација не, јавија турските медиуми.

Наведувајќи дека Турција придонела во мировниот процес од самиот почеток и дека оваа поддршка ќе продолжи, Фидан го привлече вниманието на важноста на медијаторските активности и дека во процесот треба да бидат вклучени и меѓународни актери.

Изразувајќи ја својата оценка за војната меѓу Русија и Украина, Фидан изрази надеж за траен мир. Наведувајќи дека американската делегација е исто така во Истанбул, Фидан изрази став дека двете страни, и Русија и Украина, треба да направат одредени отстапки во процесот на прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ја добивме војната со Иран, никогаш нема да имаaт нуклеарно оружје

А1он

Цените на гасот во Европа паднаа откако Трамп се откажа од закана за напад врз иранските електрани

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ајатолахот и јас можеме да го контролираме Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Мило ми е што почина екс шефот на ФБИ

А1он

Трамп му постави ултиматум на Иран: Имате 48 часа да го отворите Ормутскиот теснец, во спротивно ќе ве уништиме!

А1он

Трамп разгледува три сценарија за копнена операција