Претседателот на САД, Доналд Трамп, им се обрати на претставниците на медиумите од Белата куќа во Вашингтон за војната на Блискиот Исток, која започна во сабота, на 28 февруари оваа година. Тој објасни дека Иран може да биде „уништен преку ноќ“, објави Скај њуз.
Тој изјави дека цел Иран може да биде уништен само за една ноќ. Претходно во текот на денот, тој веќе зборуваше на оваа тема кога новинарите беа заинтересирани како е можно да се закануваат со уништување на Иран, додека тие постојано се бранат и издржуваат воздушни напади од Израел и САД.
Трамп одговори дека Иран ги изгуби своите лидери и своите воздухопловни сили и дека едвај им останало нешто да се одбранат од напад. Тој изјави дека овој разорен напад може да се случи утре – во текот на ноќта од вторник кон среда, 8 април по средноевропско време.
Иран има рок до еден час по полноќ по лондонско време (два часа по полноќ по македонско време) во среда, 8 април, да го прифати мировниот договор или да го отвори Ормутскиот теснец. Денес, Иран го отфрли американскиот предлог за завршување на војната.
