Трамп ќе продолжи да се појавува на собири на отворено

Од:

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека ќе продолжи да се појавува на собири на отворено, со зголемена заштита на Тајната служба, две недели откако беше ранет во обид за атентат.

„Никој не треба да ја спречува или блокира слободата на изразување или собирање“, напиша поранешниот претседател на својата социјална мрежа „Truth Social“, додавајќи дека Тајната служба се согласила значително да ги зголеми безбедносните операции.

Тој го изјави ова откако Тајната служба, задолжена за заштита на високи американски личности, му предложи на изборниот штаб на Трамп да избегнува организирање големи собири на отворено и да се одлучат за големи затворени сали.

Трамп беше застрелан во увото на 13 јули за време на митинг во државата Пенсилванија. Во нападот загина еден гледач, а двајца беа тешко ранети. Напаѓачот, 20-годишниот Томас Метју Крукс, беше убиен. Вооружен со полуавтоматска пушка тој испукал неколку куршуми од покривот на зграда која се наоѓа на околу 150 метри од Трамп.

Федералното биро за истраги (ФБИ) вчера потврди дека Трамп бил погоден од куршум или фрагмент од куршум, со што стави крај на шпекулациите за природата на повредата на десното уво.

Сепак, истражителите се уште се обидуваат да го утврдат мотивот зад нападот, кој ја наруши кампањата и наиде на жестоки критики од тајните служби.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он