Трамп: Ќе имаме голема депресија, поопасна од онаа во 1929 година

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, коментирајќи го неодамнешниот колапс на американската „Силиконската долина банка“ (SVB), ја обвини економската политика на претседателот Џозеф Бајден за таквата ситуација, додавајќи дека на повидок се нови финансиски колапси.

„Со она што се случува во нашата економија и предлозите од најголемото и најглупаво зголемување на даноците во историјата на Соединетите Држави, пет пати, Џо Бајден ќе остане запаметен како Херберт Хувер на модерното време (Хувер беше претседател на Америка за време на „големата депресија“)“, изјави Трамп на својата социјална мрежа Social Truth, пренесе „Њузвик“.

Според него, ќе имаме „голема депресија“, поопасна од онаа во 1929 година.

„Големата депресија“ е глобален економски колапс што започна во 1928 година во САД и траеше до 1939 година. Тоа беше најдолгиот и најостриот пад што некогаш го доживеал индустријализираниот Запад.

Би можело да ве интересира

Судењето на Трамп за фалсификување деловни книги ќе започне во март 2024 година

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Новинар: Дали сакате Украина да победи? Трамп: Сакам луѓето да престанат да умираат

Ана Ололовска

Поротата одлучи – Трамп е осуден за сексуална злоупотреба

Горан Наумовски

Керол откри зошто веднаш не го пријавила Трамп за силување

Трамп го тужи поранешниот адвокат Коен за повеќе од 500 милиони долари

Популарноста на Трамп вртоглаво порасна, повеќето републиканци сакаат тој повторно да биде претседател

Ана Ололовска