Трамп изненаден што Русија нема да игра на Светското првенство во 2026 година

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се изненади кога му кажаа дека руската фудбалска репрезентација поради санкции нема да може да учествува на Светското првенство во 2026 година што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

На состанокот на работната група за организација на Светското првенство во 2026 година, што се одржа во Белата куќа, Трамп призна дека не знаел дека руската репрезентација нема да може да учествува на Светското првенство и дека тоа може да биде добар поттик Русија да ја прекине војната против Украина, јави „Би-Би-Си“.

„Тоа е точно. Моментално се под санкции и им е забрането да учествуваат на Светското првенство. Но, се надеваме дека ќе има мир и дека Русија ќе може да учествува“, му одговори Џани Инфантино, претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

„Тоа би можело да биде добар поттик (за Русија). Сакаме да престанат. Секоја недела умираат по 5.000 млади луѓе. Тешко е да се поверува“, рече Трамп.

Руските фудбалски клубови и репрезентацијата не можат да учествуваат на меѓународни натпревари организирани од УЕФА и ФИФА, а санкциите дојдоа веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Европските квалификациски групи за СП 2026 се веќе составени, но поголемиот дел од квалификациите стартуваат во септември годинава, па постои теоретска можност доколку дојде до мир, Русија подоцна да биде вклучена во квалификациите.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ајатолахот Хамнеи е мртов; „Ги уништивме за еден ден“

Трамп ги повика иранските сили да го положат оружјето. „Другата опција е смрт“

Морган Фримен за Доналд Трамп: Не можам да разберам како осуден криминалец може да биде претседател

Предраг Петровиќ

Медал за честа за пилотот кој учествуваше во апсењето на Мадуро

А1он

Зеленски го покани Трамп во Киев: Само ако дојде тука може да разбере кој е агресорот

А1он

Откриен е идентитетот на убиениот на имотот на Трамп: Неговото семејство го прогласи за исчезнат во саботата