Трамп и неговите деца ќе мора да сведочат за семејната компанија, Трамп за процесот вели дека е „лов на вештерки“

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите две полнолетни деца би требало да сведочат во граѓанската истрага што њујоршкиот јавен обвинител ја води во врска со семејниот бизнис на Трамп.

Сведочењето на Трампови доаѓа во време кога се водат низа правни истраги околу нивниот семеен бизнис, само неколку дена откако агенти на ФБИ го претресоа нивниот имот во Мар-а-Лаго на Флорида како дел од одвоената федерална истрага што против поранешниот претседател се води за тоа дали зел доверливи записи при напуштењето на Белата куќа.

Граѓанската истрага што во Њујорк ја предводи државната обвинителка Летиција Џејмс, вклучува наводи дека компанијата на Трамп пред заемодавачите и даночните власти погрешно ја опишала вредноста на имотот, пред се на недвижнините како терените за голф и деловните згради.

“Вечерва во Њујорк. Утре кај расистичкиот обвинител на државата Њујорк, како продолжение на најголемиот лов на вештерки во историјата на САД“, напиша Трамп на платформата „Truth Social“, осврнувајќи се на неговите често повторувани тврдења за афроамериканката Џејмс.

“Мојата голема компанија и јас сме нападнати од сите страни. Банана Република“, додава Трамп.

Адвокатите на семејството и на компанијата Трамп постојано, но без успех се обидуваа да го блокираат повикот на тужителот Џејмс за нивно сведочење, како и други барања за информации за компанијата.

Обвинителката Џејмс истражува евентуална манипулација и противправни активности на „Организација Трамп“ по однос споменатите проценки на различни имоти во сопственост на компанијата. Се проверува дали компанијата дала различни проценки за имотот, за на тој начин да се здобие со поповолни услови за кредити и осигурување, како и за даночни олеснувања.

Доналд Трамп Џуниор моментално раководи со „Организацијата Трамп“ заедно со неговиот брат Ерик. Иванка Трамп која вршеше функција висок советник во Белата куќа за време на претседателствувањето на нејзиниот татко, е поранешен извршен директор на „Организацијата Трамп“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Меркел: Не плашете се од Трамп

А1он

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ