Трамп: Гласањето во САД е корумпирано

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите се споредува со Бразил.

„Во првиот круг од претседателските избори во Бразил гласаа 125 милиони граѓани. Резултатите беа објавени кратко по затворањето на гласачките места – на истиот ден! Во Детроит, Филаделфија, Калифорнија и бројни други американски градови и федерални држави, за да се утврдат резултатите, со значително помал број гласови, честопати се потребни недели за да се „поправат“, односно да се пресметаат. Гласањето во Америка е корумпирано“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth.

Десничарскиот кандидат на претседателските избори во Бразил, Флавио Болсонаро, и поранешниот претседател од левицата, Луис Инасио Лула да Силва, се квалификуваа за вториот круг од претседателските избори во Бразил, што ќе се одржи на 25 октомври.

Потврдата дека ќе има втор круг ја објави Вишиот изборен суд (TSE), кога веќе беа обработени 96,78 проценти од гласачките кутии, а во тој момент Болсонаро имаше 47,39 проценти од гласовите, додека Лула освои 44,74 проценти.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он