Трамп ги повика поддржувачите на Ники Хејли да го поддржат на изборите во ноември: Бајден е наш непријател

Од:

Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на САД, денеска ги повика сите приврзаници на Ники Хејли, која претходно ја прекина кампањата, да го поддржат на ноемвриските избори.

„Би сакал да ги поканам сите поддржувачи на Хејли да се приклучат на најголемото движење во историјата на нашата нација. Бајден е непријател. Тој ја уништува нашата земја“, рече Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.

Тој изјави дека Хејли била „претепана“ на синоќешните внатрепартиски избори што се одржале во 15 сојузни држави, додавајќи дека Хејли била финансирана од „радикални леви демократи“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп