Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги обвини советниците на неговиот претходник Џо Бајден дека свесно ја искористиле неговата ментална слабост за да пуштаат имигранти преку јужната граница, и ова, според него, претставувало „велепредавство од највисоко ниво“.

Во објава на социјалната мрежа TruthSocial, Трамп тврди дека политиката на отворени граници не била иницирана од самиот Бајден.

– Тоа не беше негова идеја – тој никогаш не би дозволил секакви криминалци да доаѓаат слободно во нашата земја, напиша Трамп.

„Тоа беа луѓето кои знаеја за неговите когнитивни проблеми. Тие ја украдоа претседателската функција и ја доведоа нашата земја во сериозна опасност“.

Трамп посочи дека „вистинскиот“ Бајден, оној што јавноста го познаваше, никогаш не би дозволил влез без контрола на „нарко-картели, бандити и ментално нестабилни лица“.

По 20 јануари откако стана претседател, досега се приведени 48.846 мигранти, од кои дел се нелегални, според податоци на имиграциската служба на САД.

Бројот на нелегални премини во април 2025 година паднал на 8.400 – најниско ниво од 2000 година, а по постојано намалување што започнало во март 2024 година.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ајатолахот Хамнеи е мртов; „Ги уништивме за еден ден“

Трамп ги повика иранските сили да го положат оружјето. „Другата опција е смрт“

Морган Фримен за Доналд Трамп: Не можам да разберам како осуден криминалец може да биде претседател

Предраг Петровиќ

Медал за честа за пилотот кој учествуваше во апсењето на Мадуро

А1он

Зеленски го покани Трамп во Киев: Само ако дојде тука може да разбере кој е агресорот

А1он

Откриен е идентитетот на убиениот на имотот на Трамп: Неговото семејство го прогласи за исчезнат во саботата