Трамп: ЕУ е инструмент на Германија, а по Британија, и други ќе ја напуштат Унијата

Од:

Доналд Трамп оцени дека Европската Унија станала инструмент за Германија и дека по Велика Британија, и други земји членки ќе ја напуштат Унијата.

Во заедничко интервју за најтиражниот германски весник „Билд“ и за британскиот весник „Тајмс оф Лондон“, Трамп вели дека германската канцеларка Ангела Меркел е најмоќниот европски лидер, но дека направила „катастрофална грешка“ примајќи повеќе од милион бегалци.

„Ако ја погледнете ЕУ, тоа е суштински инструмент за Германија“изјави Трам.

Трамп изразил уверување дека Брексит не би се случил доколку земјите на ЕУ, со сите сопствени проблеми, не биле принудени да прифатат толкав број беглаци. Тоа, според него, била последната капка што ја прелеала чашата.

Тој оцени дека Велика Британија постапила паметно кога одлучила да излезе од ЕУ.

„Земјите сакаат свој идентитет и Обединетото Кралство го сака својот идентитет. Луѓето не сакаат други да им доаѓаат и да им ја уништуваат земјата. Во оваа земја (САД) ќе имаме многу јаки граници од денот кога ќе дојдам на функција“ рече Трамп, оценувајќи дека и други земји од ЕУ ќе тргнат по патот на Британија.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Трамп може да одигра одлучувачка улога во запирање на Путин

Горан Наумовски

Мажот кој загина во запалената „Тесла“ има прострелна рана во главата

Човекот кој загина во автомобил пред хотелот на Трамп бил припадник на Зелените беретки

Илон Маск го искористи Никола Тесла како пример зошто треба да се даваат визи на одредени странски работници

Трамп е против забараната на TikTok во САД

ВИДЕО: Бајден и Трамп испратија сосема спротивни честитки за Божик