Трамп: Да не ја испратевме Националната гарда, Лос Анџелес ќе беше срамнет со земја

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп со објава на својата социјална мрежа Truth Social ги коментираше протестите што се одржуваат со денови во Лос Анџелес.

„Донесовме одлична одлука кога ја испративме Националната гарда да се справи со насилните немири во Калифорнија. Да не го сторевме тоа, Лос Анџелес ќе беше срамнет со земја. Многу некомпетентните „гувернер“ Гевин Њусом и „градоначалничката“ Карен Бас треба да кажат: Ви благодарам, претседателе Трамп, толку сте прекрасни. Ние не би направиле ништо без вас, господине. Наместо тоа, тие избираат да ги лажат луѓето од Калифорнија и Америка, велејќи дека не сме потребни и дека ова се „мирни протести“. Само еден поглед на фотографиите и видеата од насилство и уништување е доволен за да ви каже сè што треба да знаете. Ние секогаш ќе направиме што е потребно за да ги заштитиме нашите граѓани за да можеме заедно повторно да ја направиме Америка голема“ – напиша Трамп.

По третиот ден протести против емиграциската политика на претседателот Доналд Трамп, за време на кои беа запалени автомобили и фрлани молотови коктели врз полицајците, полицијата синоќа го прогласи центарот на Лос Анџелес за забранета зона и им нареди на демонстрантите да се разотидат.

Трамп ја распореди Националната гарда во Лос Анџелес во текот на викендот за да ги заштити федералните институции.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, го нарече тој потег нелегален.

Шефот на полицијата на Лос Анџелес, Џим Мекдонел, им рече на новинарите дека луѓето имаат право мирно да протестираат, но дека насилството на кое бил сведок било „гнасно“ и дека протестите излегле од контрола.

Би можело да ве интересира

Трамп: Со нивната операција, Украинците му дадоа причина на Путин да ги срамни со земја

Илон Маск најави дека ќе основа партија

Маск до Трамп: Без мене ќе ги изгубеше изборите

А1он

Трамп им забрани во САД влез на граѓани од 12 земји

А1он

Бела куќа: Трамп отворен за средба со Путин и Зеленски во Турција

А1он

Трамп: Путин си игра со оган

А1он