Трамп: Да не бев во Белата куќа, ќе имавте шест големи војни

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото присуство во Белата куќа, односно како претседател на САД, спречило избувнување на шест големи војни низ целиот свет, вклучувајќи потенцијален вооружен конфликт меѓу Индија и Пакистан, како и други долгогодишни регионални тензии.

Да не бев тука, ќе имавте шест големи војни токму сега. Индија ќе се бореше против Пакистан“, рече Трамп во Шкотска, пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер, тврдејќи дека неговата администрација одиграла клучна улога во деескалацијата на кризите во неколку глобални жаришта, пишува Гардијан.

Како пример, тој го наведе спорот меѓу Тајланд и Камбоџа, за кој посочи дека благодарение на неговата интервенција, вклучително и заканата за прекин на трговските преговори, е постигнато примирје.

Трамп, исто така, посочи на придонесот на неговата администрација за намалување на тензиите и поддршка на мировните напори меѓу Руанда и Демократска Република Конго.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ја добивме војната со Иран, никогаш нема да имаaт нуклеарно оружје

А1он

Цените на гасот во Европа паднаа откако Трамп се откажа од закана за напад врз иранските електрани

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ајатолахот и јас можеме да го контролираме Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Мило ми е што почина екс шефот на ФБИ

А1он

Трамп му постави ултиматум на Иран: Имате 48 часа да го отворите Ормутскиот теснец, во спротивно ќе ве уништиме!

А1он

Трамп разгледува три сценарија за копнена операција