Трамп: Би сакал Кина да ни помогне во односите со Русија

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека би сакал Кина да ни помогне на Вашингтон во односите со Русија.

„Би сакал Кина да ни помогне со Русија“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион пред да слета во Малезија, објави Ројтерс.

Се очекува Трамп да разговара за инвестициски договори, мировни иницијативи и трговски прашања за време на патувањето во Азија.

Негова прва станица е Малезија, каде што ќе присуствува на регионален самит и ќе се сретне со премиерот на таа земја, Анвар Ибрахим, како и со лидерите на Тајланд и Камбоџа со цел да се потпише проширен договор за прекин на огнот меѓу двете соседни земји, објави АП.

Американскиот претседател изјави дека „должи посета“ на малезискиот премиер, кого го нарече „многу добар човек“.

По Малезија, Трамп ќе ги посети Јапонија и Јужна Кореја, каде што се очекува да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во јужнокорејскиот град Бусан.

Трамп рече дека очекува добра средба со Си и е оптимист за постигнување фантастичен договор меѓу двете земји.

Трамп ќе се сретне со новиот јапонски премиер Санае Такаичи во Токио и се очекува да разговара за инвестициски договори во вредност од околу 900 милијарди долари во замена за намалување на планираните американски царини.

За време на турнејата, Трамп може да разговара и со бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва за можни намалувања на царините и регионална соработка. Белата куќа сè уште не ја потврдила таа средба.

Би можело да ве интересира

Трамп го избриша видеото на кое Барак и Мишел Обама беа прикажани како мајмуни

Предраг Петровиќ

Трамп: Иран не сака САД да ги нападне

А1он

Путин изгуби клучен сојузник, Трамп даде понуда што не може да се одбие

А1он

Трамп: Се приближуваме до договор за Русија и Украина

А1он

Внуката на Трамп вели дека нејзиниот чичко можеби има Алцхајмерова болест

Тајни снимки од Белата куќа: Трамп беснееше, викаше и пцуеше: „Ебете се!“