Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Од:

Доналд Трамп денес мора да плати 454 милиони долари за пресудата за измама, или би можел да остане без некои од неговите имоти.

Трамп, претпоставениот републикански кандидат на претседателските избори во ноември, мора или да ги плати парите од свој џеб или да обезбеди друга гаранција со еднаква вредност додека се жали на судската пресуда од 16 февруари според која поранешниот претседател манипулирал со информациите за неговото богатство и големината на неговата компанија со цел да ги измами доверителите и осигурителните компании.

Тој денеска на социјалните мрежи повтори дека не е виновен и го нападна судијата кој досудил толкава сума. Неговата кампања во петокот повика на донации од „милион про-Трамп патриоти“, предупредувајќи дека и познатата кула Трамп е во опасност од конфискување.

Трамп на социјалните мрежи објави дека има кеш во износ од 500 милиони долари, но сака да ги потроши за изборна кампања.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата