Трамп: Ако некој убие некого во Вашингтон, ќе бараме смртна казна

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон, иако таа беше укината во 1981 година.

Ако некој убие некого во главниот град, Вашингтон, ќе бараме смртна казна. А тоа е силно средство за одвраќање, рече Трамп за време на состанокот на својот кабинет во Белата куќа.

Неговата администрација ќе може да бара смртна казна за убиства на федерално ниво, но не и во локални случаи.

Трамп е поддржувач на смртната казна, а се смета дека би можел да ги измени важечките закони во Вашингтон, кој ужива посебен статус и чии работи ги надгледува Конгресот.

Трамп на почетокот на својот втор мандат потпиша извршна наредба со која повика на проширување на употребата на смртната казна за најтешките злосторства и им наложи на сојузните обвинители почесто да поднесуваат такви обвиненија.

Смртната казна е укината во 23 сојузни држави на САД, а три воведоа мораториум на неа.

Три сојузни држави Аризона, Охајо и Тенеси ја суспендираа смртната казна, но и најавија намера повторно да ја воспостават.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ајатолахот Хамнеи е мртов; „Ги уништивме за еден ден“

Трамп ги повика иранските сили да го положат оружјето. „Другата опција е смрт“

Морган Фримен за Доналд Трамп: Не можам да разберам како осуден криминалец може да биде претседател

Предраг Петровиќ

Медал за честа за пилотот кој учествуваше во апсењето на Мадуро

А1он

Зеленски го покани Трамп во Киев: Само ако дојде тука може да разбере кој е агресорот

А1он

Откриен е идентитетот на убиениот на имотот на Трамп: Неговото семејство го прогласи за исчезнат во саботата