Топлинска апокалипса: Повеќе од 1.000 мртви во Шпанија и Португалија

Од:

Шпанија и Португалија пријавија повеќе од 1.000 смртни случаи како резултат на екстремните горештини во последните денови.

Во централната шпанска провинција Замора, која е опустошена од пожари во викендот кој измина, во планинскиот венец Сиера де ла Кулебра е пронајдено тело на овчар. Тој е втората жртва на пожарот во Замор. Имено, 62-годишниот пожарникар загинал во неделата гасејќи пожар.

Гори и во североисточниот регион на Каталонија, исто како и во ридовите Мијас кај Малага. Пожарите зафаќаат големи површини во Кастиља и Леон, Галиција и Екстремадура, кои денеска ќе ги посети шпанскиот премиер Педро Санчез.

Пожарите во Португалија се главно под контрола и покрај температурите кои минатиот четврток достигнаа неверојатни 47 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени