Тинејџер од Флорида со пушка ранил најмалку 10 лица на забава

Од:

Најмалку 10 лица се ранети денеска кога тинејџер вооружен со пушка отвори оган по тепачка за време на приватна забава во државата Флорида, соопштија американските власти.

Чувар веднаш го соборил и разоружал напаѓачот, а друг чувар му ставил лисици на рацете додека не пристигнале замениците на шерифот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Семинол, пренесе АП.

Ниту една од жртвите не претрпела опасни , се вели во соопштението на шерифот, додавајќи дека 10 лица биле примени во локалната болница поради прострелни рани, главно под половината.

Осомничениот на возраст од 16 години е уапсен и однесен во Центар за малолетници.

Против него е поднесена кривична пријава за убиство во обид, пукање од оружје на јавно место и недозволено поседување огнено оружје.

Пукањето се случило за време на ноќна забава во Сендфорд, на околу 30 километри северно од Орландо.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во Њујорк, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на загинати во престрелката во Њу Орлеанс

ФБИ истражува дали некој му помогнал на осомничениот за нападот во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

Пукање на аеродромот во Феникс: Четворица повредени

(ВИДЕО) Масовно пукање во САД: Има мртви и ранети

(ВИДЕО) Пукање во трговски центар на „Црн петок“: Евакуирана зграда, полиција на лице место