Тимошенко: Трамп ми вети дека нема да ги укине санкциите кон Русија

Од:

Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко, тврди дека Доналд Трамп за време на приватен состанок на маргините на Молитвениот појадок ѝ ветил дека САД нема да ги укине санкциите кон Русија, додека Москва не се повлече од Украина.

Сајтот Politico.eu, повикувајќи се на извори блиски до Тимошенко, кои разговарале со неа по Молитвениот појадок тврдат дека таа била многу помирна за целата ситуација по краткиот разговор со Трамп и Пенс.

Според изворите, Трамп дал уверување дека нема да ги повлече санкциите кон Русија, додека русите не се повлечат од Украина.

Во текот на предизборната кампања Трамп изјави дека размислува за ублажување на санкциите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми