Тимошенко: Ќе има трета рунда од револуцијата доколку не станам претседател

Од:

Поранешната украинска премиерка и еден од претседателските кандидати на претстојните избори, Јулија Тимошенко, изјави дека од сите политичари во Украина таа е единствено способна за спроведување на политичките реформи, што и се неопходни на земјата.

Како што јави ИТАР-ТАСС, на прес-конференција во градот Николаево на југот од Украина, Тимошенко отворено изјави: „Доколку граѓаните изберат друг кандидат, нема да може да се избегне третата рунда од револуцијата“.

– Не сакам веќе да бидам одговорна за пропаста на револуцијата. Ако Украина избере друг претседател, а јас всушност имам само еден ривал, мислим дека ќе мораме да почнеме трета рунда од револуцијата. Во спротивно, мислам дека нема шанси промените да бидам спроведени. Едноставно, јас ги познавам сите тие луѓе, истакна Тимошенко.

Таа, исто така, понуди предлог закон, за кој вели дека ќе придонесе за решавање на проблемот со корупцијата, но призна дека многу претставници на власта предводена од олигарсите, меѓу кои е и нејзиниот главен ривал на претстојните претседателски избори Петар Порошенко, „едноставно не се заинтересирани за предлогот“.

Според најновите анкети, Порошенко има поддршка на 33,3 отсто од гласачите, додека Тимошенко може да смета на десет проценти гласови.

Предвремените претседателски избори во Украина се закажани за 25 мај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми