Лидерката на украинската опозиција и поранешен премиер Јулија Тимошенко, тврди дека била изложена на опасно радиоактивно зрачење во затворската болница каде е сместена. Од нејзината келија биле одземени два Гајгер-Милерови бројачи.
Во изјава посместена на нејзината интернет-страница се вели: Претресот беше извршен во духот на чистките во СССР во 1937 година. Сигурна сум дека целта беше да се конфискуваат Гајгер-Милеровите бројачи. Нејзиниот адвокат Серхј Власенко изјави за Комерсант дека „нивото на радијација во затворот е многу високо. Тоа е со цел да и се наштети на здравјето на Тимошенко. Директорот на затворската болница каде се лекува Тимошенко ги оквалификува обвиненијата како „апсурдни“.