Малиот Индиец Никил (2) отишол со својата баба во зоолошка градина. И во сета радост, Никил отишол кај кафезот со тигрите и ја пикнал раката во кафезот за да ги нахрани со чоколада.
Еден од тигрите го фатил момчето за раката и го повлекол кон кафезот, по што Никил неколку пати ја удрил главата од решетките. Тигарот му одгризел голем дел од левата рака, а исто така и на главата имало многу гребаници.
„Не забележав дека Никил отишол кај тигарот“, изјави бабата во неверица.
На помош веднаш дошле останатите посетители во зоолошката градина. Од таму велат дека најверојатно ќе бидат платени трошоците за лекувањето на детето, како и дека ќе им биде исплатена отштета.