Терористички напад во Дамаск

Од:

Две експлозии одекнаа утринава во близина на генералштабот во центарот на Дамаск, објави официјалната Сириска телевизија, додавајќи дека на местото на експлозијата избил пожар.

Двете терористички експлозии ја потресоа зградата во близина на седиштето на генералштабот во Дамаск, објави телевизијата без информации за можни жртви. Во оваа област, избил пожар, се додава.

Голем број на возила за итна помош се упатија кон местото на експлозијата.

Сирискиот министер за информации Омран ал-Зоби објави дека експлозиите се предизвикани од бомби, но дека немало жртви.

Две бомби експлодираа, но предизвикаа само материјална штета. Сите офицери се добро, рече министерот.

Во Сирија веќе една и пол година беснеат судири во кои загинаа голем број на луѓе.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад