Терористички напад во Анкара: Седум загинати, 22 ранети – се уште никој не презел одговорност

Од:

Турскиот министер за полиција Али Јерликаја објави дека се работи за терористички напад. Претседателот Ердоган упати сочувство до семејствата на жртвите.

Објектите на Турската авијациска индустрија (ТУСАС) во Анкара биле цел на терористички напад, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

По експлозијата која одекнала на влезот во седиштето на компанијата, се слушнале и истрели, па персоналот од безбедносни причини бил испратен во прифатилишта.

На местото на нападот се испратени безбедносни сили, пожарникари и медицински екипи.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Али Јерликаја вели дека двајца осомничени за нападот се „неутрализирани“.

TUSAS е државна компанија за вооружување и воздушна технологија со седиште во близина на главниот град Анкара. Компанијата произведува и воени и цивилни авиони и хеликоптери, како и системи за беспилотни летала.

Градоначалникот на Анкара, Мансур Јавас, рече дека е „тажен“ поради нападот врз голема одбранбена компанија.

Во 1973 година, TUSAS беше инкорпориран во Министерството за индустрија и технологија на Турција за да се намали „зависноста на Турција од странски производи во одбранбената индустрија“, според веб-страницата на фирмата.

Нападот се случи додека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган престојуваше во рускиот град Казан на годишниот самит на групата земји БРИКС.

Би можело да ве интересира

Грчко вето во НАТО за заедничкото соопштение за поддршката на Турција

Предраг Петровиќ

Ајфеловата кула во боите на турското знаме

А1он