Грчко вето во НАТО за заедничкото соопштение за поддршката на Турција

Од:

Грција ставила вето на заедничката изјава што се подготвувала да се издаде по синоќешниот состанок на северно атлантскиот совет на ниво на амбасадори, бидејќи САД, Велика Британија, Франција и Германија не се согласиле во текстот да биде вклучен и дел за бегалското/мигрантското прашање, објавија онлајн изданијата на грчките весници „То вима“ и „Катимерини“.

Според „То вима“, одлуката дошла по наредбата на шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, до постојаната делегација на Грција во НАТО, бидејќи во текстот на заедничкото соопштение не бил вклучен грчкиот предлог за почитување на Договорот од 2016 меѓу ЕУ и Турција за бегалското/ мигрантското прашање.

„Катимерини“ пишува дека турската страна, на состанокот го споменала бегалското прашање, објаснувајќи дека не може да се грижи за четири милиони бегалци и мигранти кои што се наоѓаат во внатрешноста на земјата, а САД, Британија, Германија и Франција покажале целосно разбирање за позициите на Турција.

-Впечатлив е фактот што, освен претставниците од Грција, никој од останатите не го постави прашањето за присуството на турските вооружени сили во операција надвор од нејзините граници, пишува „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски