Теодоровичи: Романија има потреба од еден милион работници

Од:

Романскиот министер за финансии Еуген Теодоровичи изјави денеска дека земјата има потреба од еден милион работници, јавија романски медиуми.

На конференцијата во Букурешт посветена на ситуацијата со вработувањето во Романија, министерот истакна дека 4,5-5 милиони Романци заминале во странство, а има и многу кои работат на црно.

-Во моментов, Романија има потреба од еден милион работници, што е исклучително многу, рече министерот.

Теодорович истакна дека некои мерки преземени од страна на властите успеале да вратат романски работници во нивната родна земја, давајќи пример за градежниот сектор.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски