Температурен рекорд во Шпанија, вчера измерени 47,4 степени

Од:

Топлотниот бран што ја погоди Шпанија вчера резултираше со соборување на апсолутниот температурен рекорд во оваа земја, со 47,4 степени Целзиусови измерени во градот Монтор во јужната провинција Кордоба, соопшти денеска државната метеоролошка агенција (АЕМЕТ).

„Ова е највисоката температура некогаш регистрирана во Шпанија“, изјави портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо, истакнувајќи дека тоа се привремени податоци што ќе бидат потврдени во наредните денови.

Температурата, што беше регистрирана во саботата во 17 часот по локално време, е повисока од претходниот рекорд на истото место на 13 јули 2017 година – 46,9 степени Целзиусови.

Топлотниот бран што ја зафати Шпанија продолжува и оваа недела со температури во неколку провинции што се над 45 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја