Тело на бебе е пронајдено во двор за рециклирање во Британија

Од:

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека телото на новороденче e пронајдено во фабрика за рециклирање. Се претпоставува дека телото завршило таму бидејќи некој претходно го фрлил во нивната корпа за ѓубре.

На 5 декември беше извршена обдукција и не беше утврдена јасна причина за смртта на бебето.

„Сè уште го истражуваме овој трагичен случај и се обидуваме да ја лоцираме мајката на бебето за да и ја обезбедиме сета поддршка што и е потребна. Важно е да се напомене дека сега ја добивме ДНК на момчето за да можеме да ја споредиме со онаа на потенцијални родители“, изјави детективот Констабл Џон Меси, објави Дејли Мејл.

„Сè уште не знаеме што се случило и ја истражуваме секоја потенцијална трага. Доколку некој има некаква информација, ве молиме контактирајте ги надлежните” тој додаде.

Би можело да ве интересира

Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

А1он

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Кумановка оставила бебе кај брачен пар од Арачиново, кога сакала да си го земе детето не и го давале

Во Подгорица: Тело на машко бебе најдено во корпа за отпадоци

Девојче е првото бебе во Куманово

„Зедовме дома погрешно бебе, а дознавме пет години подоцна“

А1он