Две лица загинаа во поплавите кои што се предизвикани од обилните врнежи во американскиот град Сан Антонио, во сојузната држава Тексас.
Началникот на противпожарната служба, Чарлс Худ истакна дека поради поплавите се евакуирани голем број луѓе и додаде дека во текот на вчерашниот ден, во првите 15 часа, добиле околу 250 повици поврзани со поплавата.
Тој истакна дека е можно да има и исчезнати лица. Во Сан Антонио вчера околу 12.000 граѓани останаа без електирична енергија, а затворени се десетина улици во градот и околината.
Елена Георгиевска