Таткото на силуваната Индијка бара да се објави името на неговата ќерка

Од:

Таткото на 23-годишната Индијка, која почина откако беше брутално силувана и претепана во автобус во Њу Делхи изјави денеска дека сака да се објави името на неговата ќерка, бидејќи смета дека на тој начин ќе им се даде сила на на другите жени, кои доживеале слични напади.

– Сакаме светот да го знае нејзиното име. Мојата ќерка не стори ништо лошо, умре штитејќи се. Горд сум на неа. Објавувањето на нејзиното име ќе им даде сила на другите жени, кои доживеале вакви напади, порача таткото на убиената девојка за британскиот весник „Сандеј пипл“.

На овој апел веднаш се придружија многубројни корисници на социјалните мрежи, што би можело да го зајакне притисокот врз властите да се открие идентитетот на жртвата на нападот од 16 декември, кој предвизика многубројни протести во Индија и повици за остро казнување на престапниците и воведување построги закони за силувачите.

Полиција во врска со овој случај уапси шест лица, меѓу кои и едно 17-годишно момче, а обвинението ги товари за убиство, силување и киднапирање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати