Ерол Маск, таткото на американскиот мултимилијардер Илон Маск, на маргините на „Форумот за иднината 2050“ во Москва изјави дека би сакал да научи лидерски вештини од рускиот претседател Владимир Путин.
„Мислам дека тој, Путин, е многу импресивен човек, тој го докажа тоа“, рече тој.
Новинарите беа заинтересирани какво прашање ќе му постави на Путин, а тој нагласи дека не мисли дека е во позиција да му поставува прашања на рускиот претседател.
Тој истакна дека неговиот тим го информирал дека животот во Русија значително се подобрил во текот на годините.
„Очигледно, тоа најмногу се должи на доброто лидерство. Затоа, би го прашал Путин: „Можете ли да ме научите на добро лидерство?““, рече тој.
Тој, исто така, се пожали дека перцепцијата за Русија во САД е значително искривена од медиумите. Тој тврди дека вистинската Русија и Москва се навистина неверојатни.
„Не можев да верувам дека оваа Москва, како што некој рече претходно, е како Рим. Точно е како Рим. Мораме да ја промениме перцепцијата. Луѓето во Европа ми рекоа: „Што и да правиш, не оди во Русија“. Зошто? За што зборуваат? Тоа е глупост“, заклучи тој.
Конференцијата наречена „Форум на иднината 2050“ е организирана од Константин Малофеев, влијателен тајкун близок до Кремљ, кој е под западни санкции. На конференцијата ќе учествуваат и неколку истакнати руски функционери, вклучувајќи го и Сергеј Лавров, долгогодишниот руски министер за надворешни работи.
Меѓу странските гости се теоретичарот на заговор Алекс Џонс, британскиот политичар Џорџ Галовеј, американскиот економист Џефри Сакс и Ерол Маск.