Таричану можен заеднички кандидат на владеечките партии во Романија

Од:

Лидерот на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД), Ливиу Драгнеа не ја исклучува можноста да ја поддржат кандидатурата на коалицискиот лидер на АЛДЕ, Калин Попеску Таричану на претседателските избори во Романија следната година.

Тој истакна дека целта на социјалдемократите е идниот претседател да биде кандидат на двете партии во владејачката коалиција, пренесува Аџерпрес.

– Имам намера во разумен рок и јас, и г-дин Таричану, и двете партии, да дојдеме до заклучок дека треба да имаме заеднички кандидат. По тој момент ќе утврдиме кој има најголеми шанси. Не отфрлам ниту една опција, не одбивам ниту варијанта со мене, ниту со г-дин Таричану, ниту со некој друг , рече Драгнеа во интервју Антена 3. Тој додаде дека најважно е Клаус Јоханис да биде запрен. – Уште пет години со Јоханис ќе биде катастрофа за Романија, рече водачот на владејачката партија.

Претседателот на десничарската Национална либерална партија Клаус Јоханис, најави дека ќе се кандидира за втор претседателски мандат на изборите кон крајот на 2019 година.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски