Тајванските власти вршат истрага во која лица се обложувале за времетраење на живот на болни луѓе од рак во терминален стадиум.
Според информации во локалните медиуми, во незаконските обложувања се вмешани роднини на болните како и персоналот кој бил задолжен за лекување.
Во градот Тајчан во централниот дел од Тајван, биле „ставани“ облози од една милијарда тајвански долари (26,35 милиони евра).
Обложувачите прво ги посетувале болните за да добијат претстава за нивната здравствена состојба, подоцна правеле прогнози колку ќе живее болниот и вложувале како облог различни суми.
Ако болниот починел по еден месец, тие го губеле влогот, а ако прогнозите им биле потврдени, тие тројно добивале за вложената сума. Во градот дури имало и улица наречена Улица на влогови на смртта – во голем број продавнции се ставале суми за обложување за живот на болни од рак.