Тропската бура „Талим“ го погоди Тајван предизвикувајчи големи поплави и лизгање на земјиштето.
Временските непрлики веднаш го попречија нормалното одвивање на сообраќајот, а најмалку 2.000 лица се евакуирани.
Според метеоролозите бурата ќе се движи на североисток кон јужна Јапонија преку Тајванскиот Теснец, придружувана со ветрови со брзина од 83 километри на час.
Се очекува „Талим“ да донесе уште обилни врнежи од дожд во Тајван, чија акумулација во четвртокот може да надмине 1.500 милиметри.