Тајфун во Јапонија и Јужна Кореја, откажани сите летови и возови: Се заканува уште едно невреме

Од:

Поради силниот дожд што денеска го донесе тајфунот Канун кој ги зафати јужните делови на Јапонија и областите на Јужна Кореја, сите летови се откажани, а возовите се запрени бидејќи се приближува уште една бура од исток која му се заканува на Токио среде сезоната на летни одмори во Јапонија.

Невремето моментално е во морето јужно од Кјушу, главниот југозападен јапонски остров, на околу 860 километри од Токио. Претходно ја опустоши југозападната област на Окинава.

Тајфунот не ја губи моќта и се движи невообичаено бавно, со брзина од околу 10 километри, што значи дека ветерот и дождот ќе се задржуваат подолго време над областа.

Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) издаде предупредување за обилни дождови и силен ветер во многу делови од јужна и западна Јапонија. Поради ова, компаниите кои произведуваат автомобили, вклучително и Тојота, суспендираа дел од своето производство.

Јужна Кореја прогласи највисоко ниво на тревога бидејќи поради Канун се откажани речиси 80 летови и се затворени бројни морски патеки и патишта, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во вторникот, пред пристигнувањето на тајфунот, локалните власти евакуираа повеќе од 30.000 извидници од нивниот камп на југозапад кои пристигнаа на Светскиот извиднички собир.

Во областа на Тихиот Океан, јужно од Јапонија, се формира уште една бура Лан. Синоптичарите предвидуваат дека ќе се зајакне додека се движи кон север и може да го погоди Токио на почетокот на следната недела, објави Јапонската метеоролошка агенција.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Рапидно се зголемува бројот на жртвите на тајфунот „Јаги“

Горан Наумовски

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ