Моќната група Билдерберг не го сака Трамп за претседател

Од:

Членовите на моќната и таинствена група Билдерберг имаат овој викенд состанок во дрезденскиот хотел „Таџ енбергпали“, а меѓу темите за кои се разговара е и како да се спречи Доналд Трамп да стане претседател на САД.

Учесниците, според германски медиуми ќе разговараат и за можностите за избивање масовни немири поради неедкавноста во светското богатство, но и за мигрантската криза и Брегзит.

Како и што е вообичаено има мошне малку детали за листата теми за кои ќе разговара групата Билдерберг, во која членуваат светски моќници.

На состанокот учествуваат повеќе од сто лидери, меѓу кои двајца премиери, четворица министри за финансии, директорката на ММФ Кристин Лагард, бројни политичари и актуелни и поранешни шефови на разузнавачки служби, но и лидери на голем број компании, како и членови на европските кралски семејства. Меѓу учесниците е и некогашниот американски државен секретар Хенри Кисинџер.

Публицистот и аналитичарот Пол Џозеф Вотсон наведува дека присуството на состанокот на сенаторката Линдзи Грејем, критичарка на Трамп, е знак и потврда дека групата Билдерберг ќе се обиде да осмисли начини за да го спречи Трамп да дојде на власт.

Учесниците на конференциите на Билдерберг подлежат на посебни правила, а најважно е т.н. Четам хаус (во 1927 година го постави британскиот Кралски институт за надворешни работи), според кое учесниците имаат строга обврска да молчат за содржината на разговорите и за излагањата на говорниците.

Согласно тоа, конференциите не смеат да ги следат претставниците на медиумите, освен оние што се поканети како учесници.

Првиот состанок на групата Билдерберг е одржан во 1954 година во хотелот „Билдерберг“ во малиот холандски град Остербек.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата