СЗО: Повеќе од 160 здравствени работници загинаа на должност во Појасот Газа

Од:

Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Кристијан Линдмајер изјави дека од 7 октомври, повеќе од 160 здравствени работници починале додека работеле во Појасот Газа.

Тој повика да се укинат ограничувањата за медицинска нега, велејќи дека некои лекари вршат големи операции, вклучително и ампутации, без анестезија.

„Повеќе од 160 здравствени работници загинаа додека ја извршуваа својата должност грижејќи се за повредените и болните. Тоа се луѓе кои го одржуваа здравствениот систем само со својата посветеност“, рече Линдмајер на брифинг со новинарите.

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги повика сите страни во конфликтот во Газа да го прекинат огнот и „да работат на траен мир“.

Директорот на СЗО на социјалните мрежи објави дека во месецот на интензивно бомбардирање во Газа загинале 10.000 луѓе, од кои над 4.000 се деца.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас