СЗО: Неплодноста погодува еден од шест парови

Од:

Неплодноста погодува еден од шест парови ширум светот, се вели во неодамна објавениот извештај на Светската здравствена организација (СЗО). Во земјите со високи приходи, неплодноста влијае на 17,8 отсто од возрасната популација, а во земјите со низок и среден приход оваа бројка е 16,5 отсто.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека извештајот покажува дека неплодноста влијае на сите делови од општеството.

„Односот на луѓе погодени од неплодност укажува на потребата да се обезбеди пристап до третман што е можно повеќе и повеќе да не се заобиколува овој проблем кога станува збор за научно истражување и здравствена политика, со цел да се обезбеди безбеден, ефикасен и пристапен начин за постигне родителство за оние кои го сакаат тоа“, рече шефот на СЗО.

СЗО ја дефинира неплодноста како болест на машкиот или женскиот репродуктивен систем поради неуспехот на жената да забремени по 12 или повеќе месеци незаштитен однос.

„Ова може да предизвика ментална болка, стигма и финансиски проблеми и да влијае на менталната и психосоцијалната благосостојба“, велат од СЗО.

СЗО го заснова својот извештај на 133 од 12.000 истражувања спроведени ширум светот од 1990 до 2021 година.

Би можело да ве интересира

Бебе паднало од четврти кат, животот му го спасил случаен минувач

А1он

Од сепса починало бебе на Детската клиника во Скопје

А1он

Се роди првото бебе во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Четиримесечно бебе починало во Богданци, подолг период било на лекување во болница