Светската здравствена организација на платформата Х објави дека поради повторените израелски напади врз болницата Ал-Шифа во Појасот Газа, се изгубил секаков контакт со таа здравствена установа.
Во последните извештаи од местото на конфликтот во Појасот Газа се наведува дека болницата е опколена со израелски тенкови, а некои од оние кои се обиделе да побегнат биле изложени на израелски оган во кој биле ранети или убиени. СЗО го повтори својот повик за итен хуманитарен прекин на огнот во Газа како единствен начин да се спасат животи и да се намали ужасното ниво на страдање.
Вработените во болницата, најголемата во Газа, изјавија дека пациентите и бегалците се заробени во ужасни услови додека се водат тешки борби на околните улици, а хирург во болницата Ал-Шифа за Би-Би-Си изјави дека болницата останала без вода, храна и струја. Израел објави дека се судрил со Хамас во близина на болницата, но дека не бил отворен оган врз зградата на болницата.