Свириденко: Поддршката на САД за Украина е сè посилна

Од:

Украинската премиерка Јулија Свириденко изјави дека чувствува посилна поддршка од САД по посетата на Вашингтон, велејќи дека нејзините разговори со високи американски претставници биле „многу пријателски и поддржувачки“.

Свириденко во интервју за Ројтерс изјави дека за време на состанокот со американскиот секретар за финансии Скот Бесeнт нагласила дека санкциите воведени врз Русија по нападот врз Украина не треба да се ублажат, укинат или одложат.

– Мислам дека Бесeнт стои зад Украина и ја претставува Украина, рече таа, додавајќи дека спречувањето на заобиколувањето на санкциите и нивното понатамошно зајакнување е клучно за слабеење на Русија.

Украинската премиерка учествуваше на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка во Вашингтон, каде што разговараше и за финансиска поддршка и обнова за земјата разорена од војна.

Свириденко рече дека ММФ покажал флексибилност со програмата за заем од 8 милијарди долари одобрена во февруари и планира да испрати мисија во Киев во мај. Таа рече дека ММФ ги разбира влошените економски услови поради руските напади врз енергетската инфраструктура во текот на зимата.

Таа, исто така, рече дека соработката меѓу Украина и САД е „продлабочена“ преку заедничкиот инвестициски фонд за реконструкција, кој веќе го одобри првиот проект, додека вториот – во енергетскиот сектор, се очекува ова лето. Досега, рече таа, се примени повеќе од 200 апликации за проекти.

Зборувајќи за крајот на војната, премиерката нагласи дека Украина сака мир со безбедносни гаранции и план за реконструкција на земјата.

Таа додаде дека Киев се надева дека политичките промени во Унгарија би можеле да помогнат во деблокирањето на новиот пакет санкции на Европската унија против Русија, како и финансиската помош на ЕУ за Украина, но и да го забрза нејзиниот пат кон членство во Европската унија.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

А1он

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%

Загина британски војник во Украина

А1он

(ВИДЕО) Дали украинскиот државен обвинител побегна од земјата сред ноќ со службено возило?

А1он