Светска програма за храна: Се распаѓаат синџирите за снабдување со храна во Украина

Од:

Претставник на Светската програма за храна (WFP) изјави дека синџирите за снабдување со храна во Украина се распаѓаат, предупредувајќи дека дел од инфраструктурата е уништена, а продавниците и складиштата се празни.

„Синџирот за снабдување со храна во земјата се распаѓа. Движењето на стоки е забавено поради небезбедноста“, рече Јакоб Керн, координатор за итни случаи на СПХ, во врска со кризата во Украина.

Тој изрази загриженост за ситуацијата во градови како што е Мариупол, додавајќи дека резервите на храна и вода се при крај и дека нивните конвои не можат да влезат во градот.

СПХ купува половина од залихите на жито од Украина, а Керн потсетува дека по руската инвазија на Украина, цените нагло скокнаа.

„Со рекордно високите глобални цени на храната, СПХ е загрижена за влијанието на украинската криза врз светската безбедност на храната, особено во местата погодени од глад“, рече Керн.

Поради инфлацијата и украинската криза, СПХ плаќа дополнителни 71 милион долари месечно за храна.

„Сега ги менуваме добавувачите, но тоа се одразува на цените. Колку подалеку купувате, толку станува поскапо“, наглчаси Керн.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба

Бајден ги замени смртните казни на 37 осуденици со доживотен затвор пред Трамп да ја преземе функцијата

Познат идентитетот на напаѓачот на пазарот: Газеше луѓе 400 метри

Предраг Петровиќ

Шефот на украинската армија нареди повлекување

(ВИДЕО) Неуспешен обид за импичмент на претседателот: Врие во Јужна Кореја

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Судирите продолжуваат во Грузија, уапсени демонтранти

Предраг Петровиќ