Меѓународната заедница не успеа да ја намали понудата на хероин, кокаин и канабис, бидејќи цената на овие наркотици значително се намали во последните години.
Во новата студија на „Бритиш медикал џурнал“, утврдено е дека цената на кокаинот и канабисот е пониска за повеќе од 80 отсто, а оти во исто време чистотата на дрогата е поголема.
Студијата е изработена врз основа на податоците на седум владини програми за следење на ситуацијата на пазарот на илегални супстанци, меѓу кои се програмата за следење на меѓународната трговија со дрога, но и на пазарите на САД и Австралија.
Од 2000 до 2010 година, во Австралија цената на кокаинот опаднала за 14 отсто, а хероинот за 49 отсто.
Во тој период е забележана поголема заплена на канабис и хероин (465 отсто), додека заплената на кокаинот е преполовена.
Според податоците на ОН, од шверцот со дрога годишно во светот се заработуваат 350 милијарди долари.