Сузан Рајс нов советник на Обама

Од:

Советникот на американскиот претседател Барак Обама, за национална безбедност Том Донилон поднесе оставка, а него ќе го замени актуелниот амбасадор на САД во ОН, Сузан Рајс.

Белата куќа денес официјално потврди дека ќе направи кадровски промени, но без соопштување повеќе детали.

Донилон беше клучен советник на Обама, за прашања од безбедноста, од почетокот на неговиот прв претседателски мандат пред пет години, а најновото именување на Рајс предизвика спротивставеност кај републиканците.

Таа се најде на удар на републиканците кога оцени дека смртоносните напади на американската база во Бенгази се изведени спонтано, што подоцна се испостави како неточно, па затоа Обама се откажа од нејзиното именување за државен секретар.

Нејзиното доаѓање на должност советник за национална безбедност не бара одобрување од Сенатот, а смената треба да се изврши до почетокот на јули.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД