Султанот од Брунеи го продолжува мораториумот на смртната казна

Од:

Султанот на Брунеи, Хасанал Болкиах го продолжи денеска мораториумот на смртната казна во најавениот закон, кој забранува истополни сексуални односи, обидувајќи се да ги смири острите реакции ширум светот, особено на ѕвездите како што Елтон Џон и Џорџ Клуни.

Малата југоисточна азиска земја предизвика огромно незадоволство кога на 3 април ја изнесе својата интерпретација на исламските шеријатски закони, воведувајќи драконски законски казни, меѓу кои и каменување до смрт на хомосексуални лица доколку бидат фатени за време на љубовен чин.

Брунеи го бранеше своето право да го спроведе законот, чии први елементи се усвоени во 2014 година, а оттогаш се воведени во фази.

Во еден од ретките одговори на критиките, султанот изјави дека смртната казна нема да биде применувана во спроведување на шеријатскиот кривичен закон.

Би можело да ве интересира

На крадците им сече раце, хомосексуалците ги каменува до смрт, а живее развратно и заработува 150 долари во секунда

Ана Ололовска

Стапува во сила драконскиот антигеј закон на Брунеи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Султанот од Брунеи прослави 50 години владеење

Ана Ололовска

Поради шеријатскиот закон забранета е прославата на Божик во султанатот Брунеи

Ана Ололовска

Брунеи од 408 илјади жители има 12.200 невработени

Ана Ололовска

Брунеи: Ќотек за грешниците

Ана Ололовска