Брунеи од 408 илјади жители има 12.200 невработени

Од:

Султанатот Брунеи, една од најбогатите држави со над 60.000 долари по глава на жител, денеска организираше тридневен саем за вработување, а причина е загриженоста на тамошните власти од бројката на 12.200 невработени. Во султанатот, богат со резерви на нафта, гас и реки драгоцени минерали има нешто повеќе од 205.000 вработени, од кои половината се странски државјани.

Загарантираниот социјален и материјален статус на државјаните на Брунеи, според министерот за внатрешни работи Јанг Берхормат Пехин е основна причина за незаинтересираноста на брунеиците да аплицираат за работа, но државата сака да го смени тој став и да ги мотивира помладите да учат и бараат работа.

Најмногу вработени во Брунеи има во индустријата и рударството. Со земјоделство се занимава само 4 посто од населениет, а една третина брунеици се вработени во банкарскиот сектор, осигурувањето и туризмот.

Би можело да ве интересира

Султанот од Брунеи го продолжува мораториумот на смртната казна

Ана Ололовска

На крадците им сече раце, хомосексуалците ги каменува до смрт, а живее развратно и заработува 150 долари во секунда

Ана Ололовска

Стапува во сила драконскиот антигеј закон на Брунеи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Султанот од Брунеи прослави 50 години владеење

Ана Ололовска

Поради шеријатскиот закон забранета е прославата на Божик во султанатот Брунеи

Ана Ололовска

Брунеи: Ќотек за грешниците

Ана Ололовска